Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОЛЕТ ПА ЗИМА: По високите температури следува заладување и снег

ПРОЛЕТ ПА ЗИМА: По високите температури следува заладување и снег

В петок и во сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува и засилен северен ветер.

Времето утре наутро вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во сабота или во првиот ден од викендот максималните дневни температури ќе достигнат до 22 степена. Но тие пролетни температури нема да се задржат долго, а заоблачувањето ќе почне веќе од понеделник кога почнуваат и врнежите.


Слично

Поврзани вести