„ПРОКОЦКАА И ОНА ШТО НАШИТЕ ДЕДОВЦИ И ПРАДЕДОВЦИ ПОСТИГНАА, ЗА САМО ЧЕТВРТ ВЕК“: Ванковска за Денот на независноста
Професорката Билјана Ванковска вели дека Македонија денес, не е ниту независна ниту самостојна држава.
„Пишам - бришам, не знам што да кажам денес за Македонија која ниту е независна ниту самостојна. Не е ни демократска уште помалку социјална држава (како што е запишано во Уставот). Прокоцкаа и она што нашите дедовци и прадедовци постигнаа… за само четврт век.
На некои нема да им се допадне ова, но денешните честитки ми наликуваат она она кога прашуваш некого “како си” или му честиташ роденден, а тоа го правиш од куртоазија.
А ако веќе одбележуваме значаен ден за правото на самоопределување и државност, тој ден - 2 Август - помина“, напиша таа.
Слично
