Проинајдени два хард-диска за прислушкување во Обвинителството
Основното јавно обвинителство пронајде два хард-диска на кои што биле снимани сите телефонски разговори преку фиксната линија во новиот објект изграден во рамки на проектот „Скопје 2014“ од септември 2016-та.
Пва го потврди претседателот на обвинителството Љубомир Јовевски на брифинг со новинарите и рече дека е започната истрага кој и зошто ги снимал сите повици.
Во моментов не е познато дали и во претходниот период, пред обвинителството да се пресели во новата зграда, исто така биле снимани разговорите во старата зграда.
Ќе се истраѓува и тоа дали се чуваат копии од хард-дисковите или пак разговорите биле избришени автоматски, како и тоа дали некој ги искористил снимките за било какви цели.
Слично
