Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗА ЗА ВРЕМЕТО: Се очекуваат нагли промени

ПРОГНОЗА ЗА ВРЕМЕТО: Се очекуваат нагли промени

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголеми, ќе има локален пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на град, особено на север. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се засилат. Температурата ќе се движи од 21 до 35 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 35 степени. 

Позначителна промена на времето ќе има попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта, како и во понеделник, особено во источните делови. Во вторник на места ќе има врнежи од дожд и ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе се намали за околу десет степени, особено во северните делови.  УВ индекот ќе биде 7.

Слично

Поврзани вести