Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОВ: Македонија се разбуди со минусни температури

ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОВ: Македонија се разбуди со минусни температури

Студено првото утро од викендов. 

Осум степени под нулата оваа сабота се измерени во Лазарополе.

Со -6 степени се разбудија граѓаните на Маврово, Крушево и Крива Паланка каде провејува слаб снег. 

-4 степени се измерени во  Штип, Дебар, Тополчани, Виница, Ѓуриште и Берово, додека  Струмица, Куманово, Битола, Претор и Охрид -3. 

Во Прилеп и Демир Капија се измерени -2 во Тетово -1 степен, додека над нулата, односно еден степен е измерен во Дојран и Скопје а во Гевгелија три степени над нулата.

За утре метеоролозите најавуваат малку повисоки дневни температури и намалување на облачноста.

Не се исклучува и силниот северен ветер кој е можно да надминува брзина од 60 километри на час.

Во недела се очекува намалување на облачноста со умерен северозападен ветер и со малку повисоки дневни температури.

Слично

Поврзани вести