ПРОГНОЗА: Подгответе се за врнежи од дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд со слаб интензитет.
Попладне облачноста ќе се намали, а ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.
Дневните температури во Скопје ќе бидат 29 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрид 24, Битола 27, Кавадарци 32, Берово 27, Крива Паланка 28, Дојран 31 степен.
Од утре ќе преовладува стабилно време и малку посвежо со тенденција на пораст на дневните температури. Утре ќе има услови за локален краткотраен дожд.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, и малку посвежо, но и понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст.
Слично
