Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗА ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Невреме ќе ја зафати Македонија

ПРОГНОЗА ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Невреме ќе ја зафати Македонија

Метеорологот Славчо Попоски вели дека невреме утре ќе ја зафати Македонија. 

Продолжува периодот на многу променливо време, поради тоа очекуваме значително неповолни биометеоролошки услови. 

„Под влијание на циклон од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса, особено во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд. Во попладневните часови локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен ветер (над 70 км/час) и од јужен и југозападен правец како и со појава на грмежи. Поради присуството на постуден воздух во горниот слој од атмосферата и топлиот во долниот дел од истата локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 25 л/м2), силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Услови за нестабилност ќе има и во Скопскиот регион, проследена со поинтензивен дожд, силен ветер и со појава на грмежи, особено во попладневните часови“, вели Попоски. 

Потоа послаби локални врнежи ќе има и во сабота, кога особено во вечерните часови поради падот на температурите на воздухот на планините ќе провејува снег. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а исто така од недела па натаму следува период на стабилно и суво време.

„Температурите остануваат пролетно високи ,исклучок ќе биде недела кога истите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Студено утро очекуваме во понеделник кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, со што очекуваме појава и на слаб мраз“, рече Попоски. 

Утре, во случај на појава на невреме, граѓаните да бидат претпазливи. 

Слично

Поврзани вести