Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимална температура до 24 степени. 

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.

Во понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.

Слично

Поврзани вести