Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прогласена епидемија на морбили во Скопје, забрана за невакцинираните деца во градинките

Прогласена епидемија на морбили во Скопје, забрана за невакцинираните деца во градинките

Забрана за носење невакцинирани деца го градинка, прогласена епидемија на морбили во Скопје


Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили на територија на градот Скопје. Причината е поради 12 нови случаи.

“Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче информира дека шест од новите случаи се потврдени со соодветни анализи, а за останатите 6 анализите се очекуваат утре. Додаде дека меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите се невакцинирани лица со МРП вакцината.

Осум од заразените се хоспитализирани на инфективна клиника и сите се со компликации со бронхопневмонија. Двајца се со потешка клиничка слика. Меѓу заболените има 8-месечно бебе и деца на возраст од 3,5 и 4 години. Има и еден возрасен на 31-годишна возраст”.

Филипче додаде дека здравствените власти ја држат ситуацијата под контрола и дека се прават увиди на сите пунктови за вакцинирање.

Од 15.000 невакцинирани деца под 14 годишна возраст со повиците за вакцинирање, само 310 се вакцинираа што е исклучително мала бројка , кажа министерот.

Тој потенцира дека во Србија и Романија има епидемија на морбили и рече дека станува збор за исклучително опасна и смртоносна болест. Додаде дека во Србија починале 30 лица, а во Романија – 50.

Морбилите се сметаат за тешко заболување, може да предизвикаат тешко воспаление на белите дробови и менингитис.

Од Институтот за јавно здравје велат дека пред 1972 година имало епидемии со преку 1250 смртни случаи и над 12 илјади заболени, пред да се воведе вакцината.


Слично

Поврзани вести