Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прогласен штрајк од среда во јавните обвинителства

Прогласен штрајк од среда во јавните обвинителства

На 27.09.2023 година, вработените во јавните обвинителства стапуваат во штрајк, објави репрезентативниот синдикат УПОЗ.

„Синдикатот на УПОЗ и вработените во јавните обвинителства, со години наназад беа трпеливи и очекуваа дека надлежните ќе го слушнат нашиот глас. За жал, во сите наши обиди наидувавме на незаинтересираност за изнаоѓање заедничко решение, а надлежните остануваа глуви на нашите барања.

Незадоволството на членовите на синдикатот и вработените во обвинителствата ескалираше и претстојниот штрајк е единствената опција која остана да се слушне гласот на вработените“, гласи соопштението на УПОЗ во кое е објавена одлуката.

Од таму велат дека се бара зголемување на платите на ист начин и во иста висина како избраните именуваните функционери и враќање на додатоците на плата.

„Штрајкот ќе трае се до исполнување на нашите барања, а за време на штрајкот ќе се работат само итните и неопходни работни задачи“, додаваат од УПОЗ.


Слично

Поврзани вести