Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОР ИЛИЈА АЦЕСКИ: Свештенството треба да демонстрира морал, а не лакомост!

ПРОФЕСОР ИЛИЈА АЦЕСКИ: Свештенството треба да демонстрира морал, а не лакомост!

“Човеку кој ме постави да Ви судам или да Ве делам, гледајте и пазете се од лакомство” - оваа христова реченица  ја потенцира во голема мера христијанската етика која го изразува духот на честа, скромноста, оддаденост  која  е база врз која почиваат и се јакнат моралната етика и животните  вредности и норми во општеството. Но да се проповеда скромност,  а да се покажува раскош и луксуз,  да се  демонстрира  моќ од страна на дел од  свештенството преку скапи возни паркови и имоти  предизвикува разочарување кај оние кои силно веруваат во нив  и е силен удар и  слабеење на социјалните норми- вели за Фактор, универзитетскиот професор Илија Ацески. 

Луксусниот глисер кој го разбранува охридското езеро  предизвика  и етичко-морални бранови во јавноста. Љубовта за  пари и моќ вели  значи погрешен однос кон парите и  е извор на сите зла.

“Црковните лица во духот на својата мисија имаат силна морална обврска да скратат и дел од своите привилегии. Често во јавноста има претпоставки дека од врвот на црквата се стигматизирани,  дека се алчни и трошат,  во исто време ја слабее моралната страна на оние кои веруваат во бога. Јас гледам два одговори за изворот на тоа однесување. Црквата е јавна институција и не е даночен  обврзник  да дава отчет за материјалната страна, значи нема никаква обврска за транспарентност и отчетност. Но тоа не значи според канонот и црковната терминологија, која вели дека свештените лица се одговорни пред бога,односно  тоа не ги ослободува од втората страна – моралната страна дека не мора   да поднесуваат отчет за тоа што трошат или поинаку,  кажано да трошат  на  луксуз. Друго е како ги трошат тие пари што ги добиваат како донација?  Тие приходи, барем   дел од нив треба да ги насочуваат во проекти кои значат нешто за решавање на проблемите на граѓаните,  кои пак  ќе ја јакнат  улогата на црквата и самиот морал во поширока смисла” – додава  професорот Ацески.  

Демонстрацијата  на моќ од страна на свештенството според него предизвикува разочарување кај оние кои веруваат и е силен удар на слебеење на социјалните норми. Оние кои ја зеле обврската да проповедаат скромност, а  да покажуваат друга димензија на однесување во јавноста  како што вели создава забуна и недоверба кај оние кои се убедени верници. 

“Тоа е во идејата за транспарентноста која само ќе ја зајакне нивната општествена позиција. Од друга страна не е прв пат да се обелодени дека се трошат средства во луксуз. Црквата мора да е повеќе меѓу верниците, преку проекти кои во позитивна смисла ќе ја зголемат нејзината улога. Не велам дека Црквата  треба да е сиромашна, напротив  треба да е богата и силна, но  своето богатство да го трансформира кај оние на кои им е потребна помош.Скромноста и христијанскиот морал се многу битна карактеристика за свештенството кое треба да се покаже со дела, а не со зборови”- потенцира универзитетскиот професор. 

Моралната криза во која секојдневно тонат граѓаните според професорот по социологија доаѓа пред се од сликата која во јавноста ја презентираат креаторите на државните политики. Токму во нив треба да се бара коренот на проблемите бидејќи од една страна се бара штедливост во интерес на создавање на  развиено општество, а од друга страна  самите ја демонстрираат во алчност и раскош, бескрупулозно  трошење на народните пари.  

Кому требал  на пример мерцедес од 600 000 евра, станови, луксузни вили, накит, облека, луксузен глисер?  Тоа говори за слабеење на социјалната кохезија особено кај обичниот човек кој се бори да го протурка месецот, да  ја прерани фамилијата, да ги школува децата. Длабоката морална криза во која тонат граѓаните како и  енормното  трошење  на пари во мала држава која со години неможе да излезе од политичко-економска криза и е со празна каса, а се одржува во живот преку задолжувања, според професорот Илија Ацески  го слабее економскиот  и моралниот капацитет на граѓаните но ја слабее и довербата која тешко се стекнува, а лесно се губи.  

С.Б.

Слично

Поврзани вести