Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорскиот пленум од црна листа до „омилен“ на власта

Професорскиот пленум од црна листа до „омилен“ на власта

Работите брзо се менуваат и за Професорскиот пленум, како неформална и нестандардна организација на професори од високото образование. Откако минатиот владин состав се спротиставуваше на нивните идеи и заложби за начинот на кој треба да функционираат државните универзитетите, третманот на новата влада е сосема спротивен. Пленумот учествува во креирањето на новиот закон за високо образование и го дава предлогот за тоа како ќе функционира автономијата на универзитетот.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за образование и наука, Рената Дескоска, остварија средба со претставници на професорскиот пленум на која претставниците беа охрабрени да бидат гласни и да продуцираат кредибилни идеи и дебати за подобрување на образованието во Република Македонија, како и да ги одржат силни иницијативите за демократските капацитети на размислување.

Претставниците на професорскиот пленум во текот на средбата, истакнаа дека нивниот предлог овозможува реално да се согледаат приоритетите за иднината на високото образование.

Премиерот Заев ги поздрави заложбите на пленумот за враќање на автономијата на Универзитетот, и се согласи дека тоа треба да биде врвен приоритет кој ќе придонесе кон поквалитетно високо образование.

Законот за високо образование постои можност да се донесе во текот на наредните месеци, но министерката Дескоска посочи дека поважно е да се создаде квалитетно решение со учество во процесот на дебата на сите фактори за потоа сите да бидат задоволни од донесените решенија. 

Овој закон сега се уште не е во силен фокус на јавноста, но како што веќе се надминуваат изборните и политичките теми сега на ред се реформите во клучните области како што е образованието. Во високото образование најголеми критики има за неквалитетните програми, недоволната практична настава, застарени концепти на предавање, некорисни предмети, ограниченост на студенти и многу други спорни моменти во самиот начин на студентско организирање и функционирање со универзитетските органи на управа.

Слично

Поврзани вести