ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ СО ПРЕСМЕТКА: Колкумина што поради ковид завршиле во болница имаат шанси да се извлечат
Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, врз основа на последниот извештај од Институтот за јавно здравје, направи нови пресметки.
Тој, како што напиша на својот фејсбук статус, со денови ги преиспитувал претходните пресметки на стапката на болнички леталитет, по што ја дава највнимтелната пресметка, со ризик, кко што вели, за потценување на стапката, базирана на следните факти и претпоставки.
Се раководи од најновиот податок за бројот на хоспитализирани ИЈЗ Скопје објави во неделниот извештај за периодот од 06.12 до 13.12.2020 година. Последната сигурна бројка (6.621 хоспитализирани) им е базирана на 52.252 епидемиолошки обработени случаи, што одговара на датумот 19.11.2020.
Пресметките, пишува на фејсбук Трајковски, ќе ги извршиме врз основа на конзервативната претпоставка дека бројот на хоспитализирани (6.621) е изведен само од обработените 52.252 случаи, односно дека од сите 66.330 случаи на ден 03.12.2020 (14 дена по последната хоспитализација) има до 27 отто повеќе хоспитализирани. Со ова потенцијално значително ја потценуваме стапката на болнички леталитет, но барем сме сигурни дека тоа е долната граница за таа стапка.
„Најмалку 95 отсто од починатите умреле во болнички услови.
Временскиот интервал од хоспитализирањето до смртниот исход е претходно добиен со корелациони анализи и изнесува 14 дена.
Најточната проценка на стапките на леталитет (општата, од бројот на дијагностицирани - CFR, како и болничката, од бројот на хоспитализирани) ги добиваме како количници на бројот на починати и бројот на дијагностицирани (односно на хоспитализирани) 14 дена претходно. Токму затоа ги користиме датумите 03.12.2020 и 19.11.2020. Не ја користиме официјалната формула за леталитетот бидејќи таа не може да се користи додека епидемијата е во тек, односно значително ја потценува вистинската стапка на леталитет. Повеќето истражувачи, но и ECDC ја користат оваа модификација на формулата бидејќи е најлогична.
Заради полесно разбирање, на првата слика е прикажано определувањето на временскиот интервал од 14 дена по графоаналитички пат, иако истиот резултат се добива и по чисто аналитички пат, со помош на корелацина анализа.
Кога ќе ја подвлечеме цртата, излегува дека најмалку секој четврт пациент кој влегол во болница за лекување од Ковид-19, не излегол жив. Светскиот просек изнесува околу 22 отсто.
Било како било, огромната кумулативна инциденца, помножена по стапката на хоспитализација, помонжена по стапката на болнички леталитет дава многу висока стапка на морталитет на милион жители - моментална седма највисока на светот. Останува препораката: ако не сакате да влезете во болница, најдобро е да не се разболите“, пишува професорот Трајковски на фејсбук.
