Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Можеби смртноста во земјава изгледа претерано висока затоа што премалку тестираме

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Можеби смртноста во земјава изгледа претерано висока затоа што премалку тестираме

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, со интересна теза за тоа зошто можеби е многу висока смртноста од ковид 19 во земјава. Според него, тоа можеби се должи на малиот број на тестирани во земјава.

„На мапата на 14-дневната инциденца, во комбинација со стапката на позитивни тестови, земјите од Западен Балкан воопшто не се рангирани, а ќе имаше што да покажат, особено БиХ и Македонија (ќе бевме темнокафеаво или црно обоени).

Причината за тоа е што овие земји (како и останатите прикажани со сива боја) не ги задоволуваат условите за рангирање поради недоволно тестирање. Во ЕУ минималниот број изнесува 300 тестирања дневно на 100.000 жители, што ние ни оддалеку не го исполнуваме. Тоа би значело во Македонија дневно да се вршат најмалку по 6.240 тестирања или во Битола на пример по 315 тестирања.

На државно ниво никогаш не сме надминале 5.100 тестирања, а во Битола 200. Според тоа, нашите бројки во Европа не ги сметаат за сериозни и меродавни. Доколку би се тестирало посериозно, многу веројатно би надминале 2.000 позитивни во некои денови од есенскиот бран. Можеби затоа, пак, стапката на леталитет (Case Fatality Rate - CFR) кај нас изгледа претерано висока“, пишува професорот Трајковски во својот најнов пост на фејсбук.

Слично

Поврзани вести