Професорот Стефан Сидовски ќе биде погребан во недела
Професорот Стефан Сидовски ќе биде погребан во недела на 07 јули. Сите кои сакаат да му одадат почит можат да ја проследат службата, која ќе започне во 10:20 часот во капелата на градските гробишта Бутел.
Стефан Сидовски почина на 72 годишна возраст. Зад себе остави голем печат. Сидо беше наш омилен професор, кој во неговата долга кариера обликуваше многу генерации. Нѐ учеше за философијата, филмот, уметноста, животот, смртта и слободата. Во нашите сеќавања ќе остане вечно свој – праведен, инспиративен и слободен.
Токму затоа, во недела нема да жалиме за неговата смрт, туку заедно ќе го одбележиме неговиот живот и големо дело.
Слично
