Професорот Рашковски е новиот генерален секретар на Владата
Професорот Драги Рашковски од Правниот факултет е новиот генерален секретар на Владата, потврдуваат извори од Владата за ТВ 24.
Треба да се именува и заменик кој ќе дојде од редовите на ДУИ. Најверојатно на оваа позиција ќе остане актуелниот заменик, Тахир Хани.
Сепак, според извори од Илинденска број 2, заменикот нема да биде именуван на денешната седница. На маса и смени на раководните позиции во вториот и третиот ешалон.
Слично
