Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОРОТ ПАНОВСКИ: „Аусвајс вакцинен“-во новите учебници ќе треба и овој вид на вакцина да го внесемеме

ПРОФЕСОРОТ ПАНОВСКИ: „Аусвајс вакцинен“-во новите учебници ќе треба и овој вид на вакцина да го внесемеме

Универзитетскиот професор, д-р Никола Пановски, поставувајќи дијаграм со нивоа на антитела од прележан ковид на својот профил на Фејсбук им се обрати на експертите на кои се повикува Mинистерството за здравство кои тврдат дека и луѓето кои ја прележале болеста, 45 дена потоа треба да се вакцинираат, токму кога природната заштита е најизразена.

-Еве од втора година медицина, секој студент што го знае, нека одговорат врвните експерти на кои се повикува Министерството за здравство. ИгГ заштитните антитела се со црна линија. 12 недели се високи и остануваат високи!!! Вие ги терате да се вакцинираат најдоцна во седмата недела кога имунитетот е најсилен. Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?“, прашува прашува истакнатиот микробиолог.

На неговото прашање се надоврзува и професорот Дејан Трајковски од Техничкиот Факултет во Битола, кој вели дека во случај на секундарна инфекција, антителата особено долго остануваат покачени.

-На пример кај мене, вакциниран со една доза во февруари и прележан во април, со титар на антитела 930 пати над прагот на детектабилност. Ден-денес, после 4 месеци, не се забележува намалување. Иако би сакал, едноставно не смеам да ја примам втората доза, се плашам од автоимуна болест, пишува Трајковски.

Професорот Пановски вели дека само кај нас, првпат во историјата се воведува нешто што го нема во ниту еден учебник.

-„Административна вакцинација" или "Аусвајс вакцинен". Во новите учебници ќе треба и овој вид на вакцина да го внесемеме со дефиниција: вакцина која се дава на лица со веќе создаден имунитет кој бирократијата не го признава, а се прима со цел за можност за равноправен живот со вештачки имунизираните лица. Заради заштита на здравјето на природно имунизираниот најдобро е таа вакцина да содржи само физиолошки раствор, наведува професортот Пановски. 


Слично

Поврзани вести