Професорот кој со боксирач удри ученик доби 4 месеци затвор
Професорот од струшката гимназија „Ибрахим Темо" кој со метален боскирач удри и повреди ученик од училиштето доби 4 месеци затвор.
Адвокатот на обвинетиот Сеад Мена најави дека ќе ја обжали пресудата. Тој вели дека не се исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.
На главната расправа пред една недела обвинетиот тврдеше дека мајката на ученикот, која е негова колешка во гимназијата прва ја започнала расправијата. Потоа рече дека отишол во тоалет, и таму ученикот го одрул, по што тој замавнал и ненамерно го повредил детето.
Слично
