ПРОФЕСОРКАТА ВАНКОВСКА-„МНОГУ ПИРОМАНИ, МНОГУ...МАЛКУ МИРОТВОРЦИ!: Не смееме да бидеме робови на ничија геополитика
Професорката Билјана Ванковска во објава на Фејсбук остро се спротивстави, на како што вели, радикална и наметната сегрегација-со забрана на медиуми, авиолетови, спорт, култура, уметност и наука.
-Дури и во најлошите денови на распадот на Југославија не се сеќавам на ваква РАДИКАЛНА и НАМЕТНАТА сегрегација на некоја непријателска страна - со забрана на медиуми, авиолетови, спорт, култура, уметност и наука.
Ова е толку страшно и нецивилизирано што ни нивните “антивоени” мотиви не го оправдуваат! Кој ќе ја одржи комуникацијата, соработката и разбирањето?! Што ми се мене виновни колегите од Русија? Не престанав да соработувам никогаш ни со оние од Запад. Сега соработувам и со Кина. Ние не смееме да бидеме робови на ничија геополитика и да соучествуваме во нивните војни, пишува професорката Ванковска.
Слично
