Професорката Силјановска поднесе кандидатура за претседател преку ВМРО-ДПМНЕ
Професорката од правниот факултет „Јустинијан Први“ Гордана Силјановска поднела кандидатура за претседател на Македонија на огласот на ВМРО-ДПМНЕ, дознава МКД.
Една од истакнатите членови на движењето „Бојкотирам“ аплицирала со потребните документи, иако тоа се упте го нема објавено во јавност.
Засега јавно тоа го обелоденија само пратеникот Влатко Ѓорчев и фракционерот Филип Петровски. Претходно ВМРО-ДПМНЕ објави дека има уште една пријава од самиот почеток на огласот, но таа засега останува анонимна.
Имињата на сите кандидати треба да бидат објавени до 5 февруари, а гласањето на агендата е на 16 февруари.
Неодамна Силјановска доби поддршка од 27 универзитетски професори за да се кандидира за шеф на државата.
Слично
