Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОРКАТА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ДЕЦИДНА - Пазарна инспекција нема законска надлежност да ги легитимира гостите во локал

ПРОФЕСОРКАТА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ДЕЦИДНА - Пазарна инспекција нема законска надлежност да ги легитимира гостите во локал

Не стивнуваат реакциите околу најавената мерка од Владата која треба да стартува за неколку дена, или конкретно од 16 август, а тоа е дека нема да им биде дозволен влез во локалите на оние кои не се вакцинирани најмалку со една доза од вакцините против ковид 19. 

Со свое објаснување се јави и универзитетската професорка Ана Павловска Данева, која потенцира дека пазарните инспектори нема да смеат такви проверки во локалите.

Туку, за тоа угостителските објекти ќе мора да имаат ангажирано редари.

„Државен пазарен инспекторат нема законска надлежност да ги легитимира гостите во угостителски објект, ниту пак да прави увид во нивните сертификати за имунизација.

Значи, единствено надлежни за спроведување на новите здравствени мерки се - редарите“, пишува на фејсбук Ана Павловска Данева.

Слично

Поврзани вести