ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА: Прави домашен ајвар
Факт е дека од домашно поубаво нема, а токму тоа го докажа и професорката Мирјана Најчевска која на нејзиниот фејсбук профил објави дека го откажува понеделничкото „Кај Најче“ кое го одржува онлајн, заради правење ајвар.
„Ги известувам моите фанови дека утре нема да има кај Најче во 12 без кафе.
Од најобјективни причини интересната тема за тоа што е успешен човек по македонски стандарди ја одлагам за идниот понеделник.
Човек мора да има приоритети и јас го избрав мојот за овој понеделник.
Првата фаза од проектот Ајвар-2024 е успешно завршена.
Утре следи втората.
Се гледаме идниот понеделник“, напиша таа.
Слично
