Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорката Котеска со остра критика за академиците и образовната реформа - поради нив сме на 5.000, а не на 500 место на Шангај

Професорката Котеска со остра критика за академиците и образовната реформа - поради нив сме на 5.000, а не на 500 место на Шангај

Универзитетската професорка Јасна Котеска, по средбата на министерката за образование Мила Царовска со дел од академиците на МАНУ, за ова и за академиците изрече остри реакции преку социјалната мрежа твитер.

„Заради наведените лица: Беџети, Фифти, Камбовски и пар слични од УКИМ, сме на 5.000-то наместо на 500-то место на Шангај! Барам јавна истрага за нивните научни портфолија!“, стои во еден од твитовите на професорката Котеска.

Таа побара изјаснување од претседатеството на МАНУ.

Во друг твит пак таа коментира дека покрај официјалните ставови на МАНУ и УКИМ, „паразитите“ кои 30 години ја кочат Македонија сами излегле на површина.

„МАНУ и УКИМ излегоа со официјални ставови за “реформите” на Мила @mila_carovska Ова се паразитите, сами се разобличија кој ја кочи Македонија 30 години! Баш така!“, коментира Котеска.

Слично

Поврзани вести