Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорката Каракамишева стана советничка на Мицкоски

Професорката Каракамишева стана советничка на  Мицкоски

Професорката на Правниот факултет Јустинијан Први, Тања Каракамишева стана советничка на премиерот Христијан Мицкоски.

Веста ја сподели професорката на социјалните мрежи.

„Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски. Голема благодарност за дадената доверба која е плод на нашата повеќегодишна соработка. Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото. Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа“, стои во објавата на професорката.


Таа ветува работа и резултати. 

фото Фејсбук/Тања Каракамишева

Слично

Поврзани вести