Професорката Каракамишева пред Управниот суд го изгуби спорот против премиерот
Професорката Тања Каракамишева Јовановска од Правниот факултет го изгуби спорот пред Управниот суд што го поведе против премиерот Зоран Заев, објави НОВА ТВ.
Каракамишева поднесе тужба против одлука на Заев донесена на седница на Влада на 11 јули, со која таа се разрешува од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. Таа поднела и посебен предлог за времена мерка со која барала да остане член на Одборот се до правосилноста на пресудата, поради постоење на јавен интерес и барала да се забрани Владата да врши назначување на нови членови.
Управниот суд минатата недела донел одлука да ја отфрли тужбата.
Професорката има право на жалба на оваа одлука на Управниот суд во рок од 15 дена до Вишиот управен суд.
