ПРОФЕСОРКАТА ДАНЕВА ОСТРО, „ВЛАДАТА БЕЗ ЗБОР ЗА МАЛТРЕТИРАНИОТ СВЕШТЕНИК“: Во Грција беше нападнат Царкњас
Професорката Ана Павловска Данева на својот Фејсбук профил го коментира молкот на македонските власти откако беше објавено дека група млади луѓе го нападнале попот Никодим Царкњас.
Таа прашува зошто молчи македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„Македонскиот министер за надворешни работи беше и обвинител, и судија, и посетител во болница во случајот на тепаниот охриѓанец со бугарска самосвест. Тој истиот, како и сите останати членови на Владата, претставници на “блокот за Европа” ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас! Само еден збор осуда за насилството врз возрасен човек, само еден збор во одбрана на националното достоинство, само збор утеха за луѓето кои и надвор од границите на државата го чуваат и негуваат македонскиот јазик, македонското писмо и македонскиот идентитет, ете толку ни е потребно! Ќе можете ли?“, пишуваа таа.
На 23 февруари група млади луѓе го оштетиле автомобилот на Царкњас. Тој призна дека бил исплашен, но немал повреди. Попот е поборник за правата на Македонците во Грција.
