Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОРКАТА ДАБОВИЌ-АТАНАСОВСКА Е КАНДИДАТ ЗА УСТАВНА СУДИЈКА - предлог на СДСМ за нов член на Уставниот суд

ПРОФЕСОРКАТА ДАБОВИЌ-АТАНАСОВСКА Е КАНДИДАТ ЗА УСТАВНА СУДИЈКА - предлог на СДСМ за нов член на Уставниот суд

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, професорка на Правниот факултет, е предлог на СДСМ за уставна судијка, дознава Фактор од извори во законодавниот дом.

Продолжение на Комсијата за избори и именувања е закажана за утрешниот ден, а од владејачката СДСМ најавиле дека денеска ќе го достават нивниот предлог за нов уставен судија. Според информациите, кандидатот е Дабовиќ-Атанасовска. 

Во нејзината биографија стои дека проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е родена на 28. 04. 1963 година во Скопје. 

Студиите на Правниот факултет во Скопје ги завршила во 1985 година, a во учебната 1987/88 година се запишала на постдипломски студии по граѓанско право на Правниот факултет во Скопје. 

Магистерскиот труд со наслов „Задружната сопственост во Република Македонија“ го одбранила на 09.12.1992 година и се стекнала со академскиот степен магистер на правни науки. Докторскиот труд со наслов „Договорот за лиценца во споредбеното право и во правото на Република Македонија“ го одбранила на 27.05.1999 година.

Според она што може да се најде на пребарувачите, Дабовиќ е членка на СДСМ, а своевремено била членка на Управниот одбор на Фондот за здравство. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести