Професорите од Стоматолошки му пишаа на ректорот Јанкуловски - Зошто ја погазивте автономијата?
Група од 23 наставници од Стоматолошкиот факултет стојат зад отвореното писмо кое е упатено до проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ‒ Скопје. Тие го прашуваат ректорот на каков начин се избираат деканите на УКИМ со оглед на тоа што се игнорира нивната волја и зошто ја погазил автономијата на овој факултет, па во продолжение ви го пренесуваме писмото во целост.
Господине ректоре,
Ние на 12.12.2016 година со мнозинство гласови утврдивме единствен кандидат за декан на Стоматолошкиот факултет за мандатниот период 2017‒2021 година, нашиот кандидат е д-р Ќиро Ивановски, редовен професор.
Бидејќи во согласност со Законот и Статутот сте информирани за нашиот избор, Ве прашуваме зошто полни пет месеци ја игнориравте нашата волја изошто незаконски постапувате?
Зошто за времен вршител на должноста декан ја назначивте д-р Мирјана Поповска, редовен професор на Стоматолошкиот факултет?
Зошто нашиот глас не вреди ништо и зошто ја погазивте автономијата на нашиот факултет, стои во отвореното писмо на:
1.
Ќиро
Ивановски, с.р. 2.
Георгиева
Силвана, с.р. 3.
Апостолска
Соња, с.р. 4.
Капушевска
Билјана, с.р. 5.
Мира
Јанкуловска, с.р. 6.
Славе
Наумовски, с.р. 7.
Маја
Пандилова, с.р. 8.
Снежана
Пешевска, с.р. 9.
Габриела
Ќурчева Чучкова, с.р. 10. Лидија Кануркова, с.р. 11. Јанкуловска Евдокија,
с.р. 12. Александар Грчев, с.р. 13. Алберто Бенедети, с.р. 14. Стевановиќ Марија, с.р. 15. Златко Георгиев, с.р. 16. Сотировска Ана, с.р. 17. Горѓиевска Елизабета,
с.р. 18. Василка Ренџова, с.р. 19. Марија Пеева Петреска,
с.р. 20. Весна Коруновска
–Стевковска, с.р. 21. Величковски Борис, с.р. 22. Сашо Еленчевски, с.р. 23. Јадранка Бундевска, с.р.
