Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професори од Хемиско училиште не држат настава, стравуваат дека в.д. директорот Албанец ќе ги загрози

Професори од Хемиско училиште не држат настава, стравуваат дека в.д. директорот Албанец ќе ги загрози

Професори од средното хемиско-технолошко училиште во Скопје „Марија Склодовска - Кири“ денеска не одржаа настава, а најавуваат дека нема да предаваат на часовите ниту утре, откако Градот Скопје и министерството за образование и наука назначило етнички Албанец за в.д. директор.

- За прв пат во училиштето се поставува раководител, иако вршител на должност, етнички Албанец, а до сега традиционално директори биле Македонци. Професорите стравуваат дека со неговото назначување се помалку ќе се запишуваат ученици Македонци и ќе се намалат паралелките на македонски јазик, а со тоа ќе биде загрозено и нивното работно место. Недоверба има и во неговото искуство и дали ќе може добро да ја организира наставата на училиштето - вели за „Фактор“ наставник по еден од стручните предмети.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека не е нарушен образовниот процес со тоа што вчера за нов в.д. директор на средното хемиско-технолошко училиште „Марија Склодовска-Кири“ назначил Албанец, што денеска предизвика бојкот на наставата од професори и ученици од македонските паралелки. 

Професорите сакале прво да бидат консултирани, иако не очекувале да го имаат последниот збор и сами да изберат прв човек на средното училиште. За тоа имале и поддршка од родителите.

Училиштето се наоѓа во општина Аеродром и работи во три смени, во кои има и паралелки на албански јазик. Во ова училиште не е прв пат професорите да гледаат со недоверба кон раководствата, но и кон инстанците од кои се назначувани.

Пред десетина месеци неколку професори упатија обвинувања до раководството за отпуштање од работа без отказен рок и дисциплинска постапка, поправање оценки во дневник без дозвола на професорот, непочитување на базичните педагошки норми, самоволие и др.

А.К.

Слично

Поврзани вести