Професор во кичевско училиште истепал девојче
Секторот за внатрешни работи Охрид, преку ОВР Кичево, поднесе кривична пријава против З. С. (68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Насилство врз дете.
Пријавениот додека извршувал работни задачи како професор во средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетна ученичка. Девојката имала телесни повреди, кои се констатирани во Општата болница во Кичево.
Нападот се случил на 21 мај, а откако ученичката била повредена татко ѝ вечерта го пријавил случајот во полиција.
Слично
