ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: ТОЛКУ НИ БЕШЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА - но летниот бран беше мини во однос на она што не очекува есенва
Професорот Дејан Трајковски кој редовно ги следи ковид статистиките и оние за вакцинираноста во земјава, констатира дека за жал, кај нас ооадна интересот за вакцинација, што не е добро, во очекување на посолниот есенски бран.
„Кривата на вакцинираноста веќе започнува да се израмнува, што значи дека толку бил интересот за вакцинација. Вистинска штета, затоа што вакцинираните во септември би биле најдобро подготвени за есенскиот бран.

Охрабрени од намалувањето на дневните броеви на новодијагностицирани, населението престанало да се вакцинира, а не знае дека летниот мини бран на северозападот беше само најава за тоа што следува есенва во остатокот од државата. Впрочем, веќе се забележува достигнувањето на минимумот, после што ќе започне постепениот раст, загревање за есента.
40-процентниот опфат изгледа дека е максимумот за Македонија. Тоа што властите изнесуваат некакви проценти на вакцинирани во однос на возрасното население повеќе претставува залажување на самите себе, отколку што одразува некаков задоволителен степен на заштита.
За споредба, во Португалија имаат речиси 90 отсто опфат со вакцинација кај вкупното население, преку 50 отсто кај младите од 12 од 18 години и речиси 100 отсто кај постарите од 65 години.
Да не се чудиме потоа зошто сме на светската топ-3 листа според одвишна смртност, а наскоро ќе бидеме и први. Тоа е најлогично за население коешто не сака да се вакцинира, не сака да одржува растојание, не сака да се тестира, а многу сака гужви на свадби и во затворени кафеани“, пишува професорот Трајковски на својот фејсбук профил.
Слично
