Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОР ЈОВЕВ ЗА ФАКТОР: Физиотерапевтот е мој куќен пријател, немаме физичка пресметка

ПРОФЕСОР ЈОВЕВ ЗА ФАКТОР: Физиотерапевтот е мој куќен пријател, немаме физичка пресметка

Професор доктор Сашко Јовев се огласи откако до медиумите стигнаа видеа во кои се тврди дека тој е насилник. Тој објасни за што станува збор во изјава за Фактор. 


„Ова е сосема фингирано видео против мене, што го пуштаат намерно, се води една хајка, за да си одам од клиниката. Со директорот немам никаков физички контакт, на видеото се гледа. Она што се гледа како буткање, тоа е со мојот физиотерапевт, долгогодишен пријател Роберт Велчески. На сестрата и кажував „зошто не доаѓаш во амбуланта“. Едноставно им забрануваат кога прегледувам во амбуланта да дојде сестра, да дојде физиотерапевт, за да се извршат прегледите како што треба“, вели Јовев за Фактор. 

Вели дека ако се работело за пресметка, и другото лице ќе му вратело. 

A.Б. 


Слично

Поврзани вести