Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСОР ГОРДАНА ЛАЗОСКА: Грешките од минатото да не се повторат!

ПРОФЕСОР ГОРДАНА ЛАЗОСКА: Грешките од минатото да не се повторат!

Во реформите на минатата влада постојат многубројни грешки и пропусти поради кои и кулминираше  незадоволството меѓу наставниците, учениците и родителите. Првичната грешка која ја направија, а која сама по себе создаде безброј проблеми е воведување на Закон за задолжително средно образование. Исто толку несреќни решенија беа Академијата за наставници,државната матура, е-дневникот,  екстерното тестирање, казните- вели за Фактор, професорката Гордана Лазоска од Наставничкиот пленум.

 Укинувањето на овој Закон според неа би довел до квалитативна селекција при уписите во средните училишта, враќање на занаетите кои веќе  изумираат и уште поголема квалитативна селекција при уписите на високообразовните институции кои ќе можат да продуцираат академски граѓани со вистински човечки и професионални вредности.

“Имено, со стапување на сила на овој Закон за задолжително средно образование се создаде погрешна перцепција кај родителите и учениците дека секој мора да има завршено минимум средно оброзавание, на овој или оној начин. Така сите основци почнаа да се запишуваат во средните училишта (затоа што мораат), доаѓаат на часовите (затоа што мораат), но не ја следат наставата, затоа што не мораат, а сепак ќе го заокружат овој процес (затоа што мораат).Но на ова се нанижа еден друг проблем којшто е многу поголем и за кој треба подлабока психолошка анализа. Имено, перцепцијата и на учениците и на родителите се изврте до степен да тие почнаа да размислуваат дека кога можат да завршат средно (на така лесен начин) зошто не би завршиле и високо образование? Што не е далеку од вистината. Зголемениот број на факултети (во секое село), особено оние приватните, им го овожможува тоа. И „целта е остварена“ – добивме армија од „високообразовани“ кадри со „висок квалитет, знаења и умеења“ кои не се задоволуваат со каква било работа (бидејќи се „интелектуалци“, нели), па останавме без стручна работна сила која не може да ги задоволи потребите на пазарот”- вели професорката Лазоска.

Партиското вработување на „високообразовани“ кадри кои “протрчале” низ факултетот и успеале преку лепење плакати и курирски партиски задолженија да се дограбат до посакуваната работна или раководна  позиција, според  Лазоска го направија образовниот  систем да  се сведе на алатка за долго опстојување на власт.

“Најлесно е да се манипулира со необразован народ,  а умни глави кажале дека ако сакаш да уништиш еден народ, прво треба да го уништиш образованието. Со големо жалење морам да констатирам дека нам, изминативе години, токму тоа ни се случува. Нашиот образовен систем продуцира квантитет со многу лош (или никаков) квалитет. Ваквиот пристап на вработување го доведе нашето општество до непродуктивност во работата во сите негови сфери. Она што особено не засега сите, наставници, родители, ученици е неквалитетното образование од токму неквалитетниот и несоодветен наставен партиски  кадар. Потврда за сите небулозни решенија во македонскиот образовен систем се и последните резултати од меѓународното ПИСА тестирање на кое нашите ученици, 15-годишници се на дното”-додава Лазоска. 

 Дополнително според неа потребно е целосно ревидирање на програмата за Државна матура или укинување и воведување на приемен испит на факултетите каде ќе има повисок и посоодветен степен на селекција. Академијата за наставници е проблем кој бара преиспитување на висообразовните институции кои продуцираат наставни кадри. 

“Не постои потреба од дополнителни филтри кога веќе наставникот ги завршил соодветните студии и се стекнал со звање наставник/професор. Ако нешто им недостасува на факултетите кои ги продуцираат наставните кадри, тие недостатоци можат да ги решат во рамките на своите наставни планови и програми. Како наставник секој од нас ја одбрал оваа професија по сопствена желба и убедување дека ќе извршува благородна функција во изградбата образовна и воспитна на младите во зрели личности со вистински етички и, воопшто, човечки вредности со кои ќе се искачува на скалилата на личниот и професионален план. Вистинските вредности во кохезија со општеството, пак, ќе изградат поле во кое ќе има простор само и само за чекорење напред, индивидуално и колелективно. Кога образованието го загуби овој компас дојдовме до сегашноста во која речиси и не постојат вредности, а малкуте што ги има се наопаку завртени “-потенцира професорката од Наставничкиот пленум. 

 Во општество во кое  младите не го разликуваат лошото од доброто, неправдата од правдата, неморалот од моралот вели неповратно се губи и  вредноста на наставничката професија.Оттука смета дека  тогаш кога ќе се поправи лошата образовна политика, кога ќе се воведе образовен систем во служба на општеството, а не на партијата и политиката, кога ќе се сети Владата дека образованието е носечкиот столб на општеството ќе се врати достоинството  и вредноста.

“Тогаш кога образованието ќе се исчисти од валканите раце на политиката и полтронското врабогаш кога образованието ќе се исчисти од валканите раце на политиката и полтронското вработување на наставниот кадар ќе го вратиме нашиот дигнитет. Тогаш кога ќе бидеме тргнати од маргините на преживувањето со мизерните наставнички плати и кога ќе се скрои образование по терк на општествените потреби... Тогаш кога ние, главната нишка, ќе бидеме директни учесници во кроењето на образовниот систем, ослободени од притисоци, казни, награди, секојдневни инспекциски контроли, грамада од административни писарски обврски со ентузијазам и елан ќе се посветиме на она што најдобро го знаеме и умееме – образование и воспитание на нашата, иднината на нашите деца/ученици и иднината на нашето општество. Без здраво образование нема светла иднина за никого! Во така изграден образовен систем довербата и квалитетот се однапред загарантирани”- објаснува Лазоска. 

Учениците за неа  се составен и неделив дел од целокупниот образовен систем. Заедно со наставниците вели се директни чинителина во целиот процес и затоа никој  не смее да ги заборави и  да ги занемари нивните размислувања за  општествено подобрување. 

“Секако дека треба да даваат и свои предлози кои би биле ставени на дебата и дискусија и прифатени доколку се во интерес на престојните реформи кои ги најавува МОН. Мотивираниот ученик секогаш продуцира мотивиран наставник и обратно. Доколку учениците се незадоволни тие стануваат незаитересирани во наставата што води до намален квалитет на самиот наставен процес, но и на стекнатите знаења и умеења. Идните генерации треба да бидат луѓе со вистински вредности, лично изграден став, слободна и критичка мисла, свесни граѓани кои ќе дадат свој удел во развојот и напредокот на нашето општество и неговото чекорење напред. Луѓе ослободени од секакви стеги, предрасуди, притисоци.Со самото тоа ќе обезбедат светла иднина која ќе нуди различни можности на личен и општествен план за нив и целото општество. Генерации задоволни од својата едукација и живот, „потковани“ со знаење кое ќе им ги отвора сите врати овде, во Македонија. Генерации кои нема да одат по „белиот“ свет во потрага по егзистенција, работа и подобар живот туку сето тоа ќе го создадат и пронајдат во татковината. како ќе делувате, министерката најави дека ќе остварува средби но дали ќе се организирате не само како хоризонтално делување туку и како сериозен партнер”-порачува Лазеска. 

Наставничкиот пленум досега вели  има остварено неколку средби со Комисијата за образование на СДСМ на кои размениле свои   размислувања и  сметаат дека треба да постои соработка и дијалог кој ќе ги направи  сериозен партнер во креирањето на квалитетен и на долг рок одржлив  образовен  систем. 

С.Б.

Слично

Поврзани вести