ПРОФЕСОР АНА СИМОНОВА: Да не го потиснуваме мајчиниот јазик кој ја отелотворува суштината на идентитетот, вредностите и аспирациите на една нација
„Потребна е коренита промена во односот кон нашиот мајчин македонски јазик и сметам дека сите ученици независно на која географска положба се наоѓаат, независно на кој јазик говорат дома треба првенствено да го научат македонскиот јазик, бидејќи се пред сѐ граѓани на Македонија. Потребно е да се зголеми свеста во однос на овие прашања за нашиот јазик и идентитет и без страв да се покаже љубов кон нив и секако заштитнички став кој се поретко го слушаме и гледаме од нашите политичари“ , вели за Женски магазин професорката по македонски јазик и литература Ана Симонова на денешниот Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.
Симонова веќе 15 години е вработена во образованието и е професор во ОУ Раде Кратовче во Кочани. Таа е сопруга и мајка на две дечиња, Регионален претседател на НСОН, а исто така е и претседател на Здружението на граѓани за заштита на животната средина „Грин.орг“. Активно работи и во делот заштита на животната средина, а во слободното време сака да пишува поезија.
Целиот текст на Женски магазин.