Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА МЕЏИТИ И АЛИУ НЕ Е СПОРНА: Џафери објасни зошто треба да бидат разрешени

ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА МЕЏИТИ И АЛИУ НЕ Е СПОРНА: Џафери објасни зошто треба да бидат разрешени

Професионалноста на Меџити и Алиу не е спорна, законски не може да има два опозициски субјекти во Владата, вели техничкиот премиер Талат Џафери. 

Кажа дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу. 

„Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, додаде Џафери. 

Меџити рече дека „политиката е средство за помош на граѓаните и за подобрување на состојбите, а не средство за реализирање лични интереси“. Меџити ги повика пратениците уште еднаш да размислат пред да ја донесат одлуката за неговото разрешување. Toj повтори дека работел чесно и посветено. 

Слично

Поврзани вести