Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професионална или партиска администрација за време на кампања?

Професионална или партиска администрација за време на кампања?

Денес е трет ден од изборната кампања и веќе започнаа големите митинзи на политичките партии на кои во изминатите циклуси се вршеа големи мобилизации за учество токму на вработените во државните и општинските институции. Сега со новото владино раководство и покажаната волја за промени од Министерството за информатичко општество и администрација посочуваат дека ќе се залагаат за професионализација и спречување на било какви притисоци врз вработените, особено во екот на изборната кампања. 

Министерот Дамјан Манчевски ги повикува сите вработени во јавната администрација да реагираат и да пријават било каков притисок поврзан со Локалните избори и ветува дека Министерството веднаш ќе ги провери пријавите.

Во првите 100 дена, како што кажа, Министерството имплементирало и прифатило сите забелешки од СИГМА, успеало да го врати дијалогот со ЕУ за реформи во јавната администрација што бил во прекин од 2015 година, вовело флексибилно работно време и двосменско работно време за службите што издаваат документи, лиценци, дозволи,…

На овие изјави веднаш реагираше опозицијата која го обвини дека овозможил партизација на администрацијата, а исто така упатија и обвинувања дека премиерот Заев користел службени возила за посета на митинзите на СДСМ што потоа беше негирано.

- СДС и Дамјан Манчевски за само 100 дена целосно ја партизираа администрацијата. Наместо стручни и проверени кадри на раководните места, поставија партиски послушници и таканаречени граѓански активисти. Згора на тоа, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, точна со силно деградирање и дискриминација на вработените што се дел од немнозинските етнички заедници, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека во изминатите 10 години јавната администрација станала сервис за згрижување партиски кадри.

Изборната кампања е на самиот почеток но, ситуацијата треба будно да се следи, особено со начинот на кој се користат буџетските средства како и државните ресурси.

Слично

Поврзани вести