Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Проф. д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра,  Р Словачка стана почесен доктор (doctor honoris causa)  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Денес, 5 ноември 2021 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа промоција за доделување на титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Титулата почесен доктор (doctorhonoriscausa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје му беше доделена на д-р Јозеф Лауринчик, професор на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Р Словачка.

Оваа титула на проф. д-р Јозеф Лауринчик му е доделена во знак на признание за афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Република Северна Македонија во меѓународното опкружување и неговиот придонес во проширувањето на научните капацитети на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Промоцијата за доделување на титулата почесен доктор (doctorhonoriscausa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопјејаизврширекторотнаУКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на свечениот чин присуствуваа проректорите на УКИМ, претседателот на Универзитетскиот сенат, деканот на Факултетот за ветеринарна медицина проф. д-р Лазо Пендовски, членови на деканската управа и  претставници на наставно-образовниот и научниот кадар на Факултетот.

Слично

Поврзани вести