Проектот „Скопје 2014“ ќе „лапне“ нови 100 илјади евра!
Годинава Проектот „Скопје 2014“ ќе „лапне“ нови 100 илјади евра што ќе ги одвои Град Скопје за свечено осветлување на спомен обележја, скулптури и на фонтани во главниот град.
На тендерот којшто беше објавен при крајот на минатата година се јавиле две фирми и градот ја избрал поевтината понуда, објави 24Вести.
Некои медиуми објавуваат дека досега се потрошени околу 1,5 милиони евра за свечено осветлување на објектите од проектот „Скопје 2014“.
Слично
