Проектот на Тодоров и натаму на климави нозе
Проектот Е-дневник кој е воведен уште од времето кога министер за образование беше Никола Тодоров и натаму се држи на климави нозе, пткако се уште електронската платформа не може да се стабилизира и да проработи оваа учебна година.
Од минситерството за образование за „Мета“ потврдија дека наставниците не можат да внесуваат податоци ниту оценки на страницата која е нефункционална.
– Во моментов компанијата која е избрана преку спроведена јавна набавка за ажурирање и одржување на електронскиот дневник, работи на надминување на извесни технички предизвици и надградба на системот, но и на ажурирање на податоците. Така што, по завршувањето на предвидените активности и тестирање на платформата, наставниците ќе продолжат непречено да го користат електронскиот дневник. Тој задолжително се пополнува и ќе треба да се пополни, согласно актуелните законски прописи – информира Давор Политов, портпарол во МОН.
Овој проект започна да се имплементира локално во 2010, а потоа на национално ниво во 2011 како дополнителна алатка на просветните работници покрај класичниот дневник и првенствено треба да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите.
