Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕВИРАЊАТА ВО ВМРО-ДПМНЕ: Што му одговори Стоилковски на Коневски?

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕВИРАЊАТА ВО ВМРО-ДПМНЕ: Што му одговори Стоилковски на Коневски?

Вчера екс градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека клеветел наместо да обединува на Илинден, и од него побара оставка, по што неговиот став го искоментира партискиот портпарол Наум Стоилковски. 

Мицкоски се извини во името на партијата за грешките во минатото, и кажа дека некои гледаат личен интерес, а тој гледа кауза во ВМРО-ДПМНЕ. 

„Комшија” Ивице гледам си се пронашол во фразата “појаничарени јуришници на Заев” па реагираш. Алал нека му е на Мицкоски што совршено ве дефинираше; иако не ве спомена со име, вие сами си се јавивте. Е сега токму поради тоа тежиш минус четири илјади гласа во Аеродром. Не може да зборите за обединување, а да го гледате светот од скутот на Заев. Затоа единствено реформи можете да правите во СДСМ“,
напиша Стоилковски на својот профил на Фејсбук.

Мицкоски од струшкото село Ташмаруништа ги нападна сите оние кои бараат оставка од него и од членовите на раководство, нарекувајќи ги јаничари на власта и товар на партијата.

Слично

Поврзани вести