Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжуваат митинзите - во кои градови партиите ќе ги презентираат програмите?

Продолжуваат митинзите - во кои градови партиите ќе ги презентираат програмите?

Партиите и денеска продолжуваат со митинзи, средби со граѓани и прес-конференции. 

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинг во Неготино во 17.30 часот и во Кавадарци во 20 часот. 

Коалицијата на СДСМ денеска ќе одржи митинг во Демир Хисар во 17.30 часот  и во Кичево во 19 часот. 

Носителот на листата на ДУИ во првата изборна единица, Артан Груби денеска ќе има прес-конференција која ќе се одржи во партиското седиште во Скопје. 

ДПА ќе одржи митинг во село Челопек со почеток во 18.30 часот.

Коалицијата за промени и правда предводена од ДС ќе одржи средби со граѓани во Кавадарци и Неготино,  и прес-конфренција во Скопје .

Коалицијата „Алијансата за Албанците“ денеска ќе одржи митинг во Сарај во 19 часот.

Денеска е третиот ден од почетокот на изборната кампања. 

Изборната кампања завршува на 9 декември на полноќ.

Слично

Поврзани вести