Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДОЛЖУВААТ ЛЕДЕНИТЕ ДЕНОВИ: Еве каде утрово беше -20 степени

ПРОДОЛЖУВААТ ЛЕДЕНИТЕ ДЕНОВИ: Еве каде утрово беше -20 степени

Во поголем дел од земјава и денес се очекува прилично студено време.

Ова утро жителите на Берово се разбудија со температури од -20 степени. Исто толку е регистрирано и во Маврови Анови.

На Шапка се измерени - 18 степени, додека пак Битола и Крива Паланка утрово беше - 16 степени.

Главниот град осамна со -9 а - 4 се измерени во Гевгелија.

Студеното време ќе продолжи и денес. Максималната температура ќе биде 6 степени додека во Скопје таа ќе се искачи максимално до 1 степен.

Слично време се очекува и утре.

Слично

Поврзани вести