Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува судењето за „Рекет“, дојде адвокатката на Катица Јанева

Продолжува судењето за „Рекет“, дојде адвокатката на Катица Јанева

Денеска по две одлагања продолжува судењето за случајот „Рекет“, откако адвокатката на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева - Ирена Фрчкоска претпладнето е присутна во судницата.

Претходно, рочиштата на два пати се одложуваа затоа што и двата адвокати на Јанева пријавија отсуство поради болест, а судијата за денес рече дека таа ќе добие бранители по службена должност доколку Фрчкоска и Дељо Кадиев не се појават.

Кадиев веќе подолго време е на болничко лекување, а на боледување е и неговата колешка Фрчковска. Инаку обвинителката Лиле Стефанова денеска треба да сведочи во Кривичниот суд.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев, кој пак го пријави случајот „Рекет“ како оштетен, а таа треба да сведочи како бизнисменот добил укинување на притворот и враќањето на пасошот.



Слично

Поврзани вести