Продолжува судењето на Латас во „Тотал“
Голем број на рочишта деновиве се одвиваат со предметите на СЈО чија динамика се повеќе се засилува, а меѓу нив е и предметот „Тотал“ кој денес има ново рочиште.
Медиуите кои го следат судењето информираа дека Драган Павловиќ – Латас кој е прво осомничен и неговата одбрана побарале од медиумите да не ги снимаат. Тоа било прифатено од страна на судијата кој го води случајот, па така дозволено е само снимање на обвинетелите од СЈО кои го водат случајот.
Во случајот „Тотал“, новинарот Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 година извршил даночно затајување преку неговите фирми „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје. Судијката го одложи претходното рочиште бидејќи не беа одредени законски застапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“.
