Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува рочиштето за Грујевски и Бошковски

Продолжува рочиштето за Грујевски и Бошковски

Рочиштето во Врховниот суд во Атина, по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски се очекува да продолжи утре, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања.

Rочиштето минатиот месец се одржа зад затворени врати, по барање на тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски. 

Едниот процес е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.

Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година. Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но одложено, поради тоа што тие веќе се наоѓаа во Атина.

Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.


Слично

Поврзани вести