ПРОДОЛЖУВА РАСКОЛОТ ВО АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Кој ќе седне во министерската фотелја во здравство и информатичко општество и администрација?
Алијанса за Албанците ги преложи Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и информатичко општество и администрација.
Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:
За министер за здравство се предлага Илир Демири – актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.
За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки.
Кадровската комисија на АА вчера побара од владата да бидат разрешени министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу.Вчера, на седница на техничката влада беа разрешени директорите на Пошта и на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции, кои се на страната на лидерот Арбен Таравари.
Расколот на партијата почна со ставот на Таравари партијата да премине во опозиција и на изборите да настапи со опозициската коалиција Европски сојуз за промени. Екс лидерот Зијадин Села веднаш реагираше повикувајќи се на претходна одлука на партиското собрание за самостоен настап на изборите.
Деновиве имаше и два инциденти поврзани со расколот, односно пред домот на Таравари во Гостивар е најден куршум, а директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу беше нападнат.