Продолжува приказната за струмичката болница: Сега обезбедено и комбе
Утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница. Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември, напиша пред малку на фејсбук струмичкиот пратеник Коста Костадинов.
Тој и вчера прв реагираше и рече дека по објавата на директорот на струмичката болница Наќе Гогов кој бараше донации од граѓаните за амбулантско возило премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче обезбедиле возило за болницата кое ќе стаса за два месеци. Но и денеска имаше негативни коментари за ова, а ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата предлагала амадмани за возила, но дека власта на расправата на ребалансот ги одбила.
„Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза. Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните. Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност. Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад, напиша Костадинов.
