Продолжува потрагата по 16-годишното девојче што исчезна во водите на Вардар
Центарот за управување со кризи објави дека денеска продолжува потрагата по 16-годишното девојче, кое падна во реката Вардар во близина на Велес.
Во моментов, на местото на настанот се ангажирани припадници на Министерството за внатрешни работи, специјалната единица „Волци“, како и припадници на Полициската станица Велес, со цел да се продолжи со потрагата.
„Акцијата се спроведува координирано и со зголемено присуство на терен“, велат од ЦУК.
Сепак, 16-годишната девојка не била сама. Таа паднала во реката заедно со 26-годишна жена која била пронајден жива.
Случајот на надлежните органи го пријавила сестрата на 16-годишната девојка, која била присутна на местото на настанот.
Слично
