Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува негативниот наталитет во Македонија

Продолжува негативниот наталитет во Македонија

Заводот за статистика ги објави резултатите од наталитетот и морталитетот во Македонија за вториот квартал од 2019, според кој во периодот од почетокот на април до крајот на јуни  евидентирани се 4 693 живородени деца, што е за 10,6 проценти помалку споредено со истиот период лани. 

Бројот на починати лица во второто тримесечје од годинава е зголемен за 7,3  проценти во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 928 лицa. 

Тоа значи дека природниот прираст е во негатива од минус 235, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во овој период се склучени 3.247 бракови, или за 4,8 отсто помалку споредбено со вториот квартал лани. 



Слично

Поврзани вести