ПРОДОЛЖУВА ЛЕТОТО ВО АПРИЛ: И ноќите ќе бидат топли!
До самиот крај на оваа недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка. Температурите ќе бидат натпросечно високи, а времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала локална облачност.
Сепак од утре до сабота ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места, и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Релативно високи, и позитивни температури ќе има и во ноќните, како и утринските часови.
Во Скопје и околината очекуваме слично време како и во останатите места од Македонија. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
